• четврток, 07 ноември 2024

Руската војска за утре најави отворање хуманитарен коридор од Азовстал

Руската војска за утре најави отворање хуманитарен коридор од Азовстал
Москва, 4 мај 2022 (МИА) - Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време. „Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание“, соопшти руската војска. Украинските власти се уште не ја коментирале руската најава. паг/
   

Остани поврзан