Руската армија тврди дека соборила 47 украински дронови
- Руската армија соопшти дека во текот на ноќта собори 47 украински дронови, од кои половината над Бријанска област, која граничи со Украина
Москва, 9 октомври 2024 (МИА) – Руската армија соопшти дека во текот на ноќта собори 47 украински дронови, од кои половината над Бријанска област, која граничи со Украина.
- Во текот на ноќта беа спречени обидите на Киев да изврши терористички напади со дронови на локации на руска територија. Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 47 украински беспилотни летала, од кои 24 беа во областа Бријанск, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Пет украински беспилотни летала беа соборени над регионот Белгород, два над Курск, двата региони кои граничат со Украина. Додека две беспилотни летала се уништени во Ростовската област во близина на украинската граница, еден во Краснодарската област на југозапад и 13 над Азовско Море.
Русија речиси секојдневно известува дека уништила украински беспилотни летала над нејзина територија. Киев ги признава нападите, чија цел често се енергетски инсталации, како одговор на руското бомбардирање на Украина, што трае повеќе од две години. ми/
фото: МИА архива