Русија ја подига борбената готовност, обвинувајќи го Западот дека сака воено да се врати во Централна Азија
- На денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оцени дека Западот сериозно ја еродирал светската безбедносна архитектура во обид да ја одржи глобалната доминација.

Њу Делхи, 28 април 2023 (МИА) - Русија ја подига борбената готовност во своите бази во Киргистан и Таџикистан, најави денеска во Њу Делхи рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. - Одлуката е донесена во контекст на обидите на САД и нивните сојузници да го обноват своето воено присуство во Централна Азија
На денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), Шојгу оцени дека Западот сериозно ја еродирал светската безбедносна архитектура во обид да ја одржи глобалната доминација.
- Сега Вашингтон и неговите помошници спроведуваат стратешки план да ги испровоцираат другите земји во воена конфронтација со Русија и Кина. САД најактивно се противат на формирањето на мултиполарен свет во азиско-пацифичкиот регион, каде што се создава фронт за да се ограничи Кина, пренесува Скај Њуз.
- САД се обидуваат да го вратат своето воено присуство во Централна Азија под изговор дека помагаат во борбата против тероризмот - ова е директна закана за стабилноста на ШОС, оцени рускиот министер.
Тој рече дека воениот потенцијал и способноста на речиси сите земји од НАТО се искористени против Русија во Украина. - Вистинската цел на Западот во конфликтот во Украина е да и нанесе стратешки пораз на Русија, да создаде закана за Кина и да ја зачува својата монополска позиција во светот“. ссм/
фото: ЕПА