• понеделник, 23 декември 2024

Русија ја блокира страницата на „Еуроњуз“

Русија ја блокира страницата на „Еуроњуз“
Москва, 22 март 2022 (МИА) – Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ вчера го блокираше пристапот до францускиот канал „Еуроњуз“ (Euronews), како дел од зајакнувањето на контролата врз информациите поврзани со рускиот напад врз Украина. „Роскомнадзор“ го блокирал „euronews.com“ и неговата руска верзија „ru.euronews.com“ на барање на Обвинителството, поради објавување на дезинформации. Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата врз информациите објавени на интернет. На многу руски и странски медиуми им беше забранет пристапот, а Фејсбук и Инстаграм беа прогласени за „екстремистички“ од московскиот суд. Пристапот до Твитер е исто така ограничен. „Роскомнадзор“ ги обвини и Гугл и Јутјуб за „терористички“ активности, што е прв чекор кон можна блокада. ми/

Остани поврзан