• понеделник, 23 декември 2024

Русија успешно тестираше пулмолошки дијагностички модул

Русија успешно тестираше пулмолошки дијагностички модул
Москва, 14 мај 2020 (МИА) – Во Русија успешно е изведена првата фаза од тестирање на нов пулмолошки модул наречен Ковид-Мултивокс, кој може дигитално да го одреди степенот на оштетување на белите дробови, без присуство на доктор специјалист, објави прес-службата на Државниот универзитет Ломоносов во Москва. Модулот целосно е дизајниран од руски научници, а во проектот учествувале и Институтот за нуклеарна физика, Одделот за фундаментална медицина на универзитет Ломоносов, државната болница во Москва број 52 и корпорацијата „Гамамед“. Новиот модул, кој сним и репродуцира 3Д снимки од белите дробови, треба да биде интегриран во болничките информативни системи, со што значително ќе се подобри ефикасноста на клиничката дијагностика. јт/

Остани поврзан