• петок, 22 ноември 2024

Русија тврди дека 56 цивили биле убиени во офанзивата на Украина во регионот Курск

Русија тврди дека 56 цивили биле убиени во офанзивата на Украина во регионот Курск

Москва, 23 септември 2024 (МИА) - Најмалку 56 цивили се убиени, а 266 се повредени за време на седумнеделната инвазија на Украина во западниот регион Курск на Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Киев ја започна прекуграничната офанзива на 6 август, повеќе од две години откако Москва испрати десетици илјади војници во Украина, а украинските сили сè уште се присутни во регионот Курск.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи ја процени бројката на загинати на 31 во периодот до 5 септември. Новиот број се однесува на периодот до 20 септември. Министерството соопшти дека 131.000 цивили го напуштиле најопасниот дел од регионот, но ги обвини украинските сили дека држат некои цивили против нивната волја, вклучително 70-120 лица во градот Суџа.

Од друга страна, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи, изјави дека Украина се придржува до меѓународното хуманитарно право и не цели кон цивили, додавајќи дека не можат да ги потврдат овие информации. „Со оглед на долгата историја на лажни бројки и пропаганда од страна на Русија, едноставно не постои начин за верификување на нивните тврдења. Доколку Русија сака да ја прикаже вистинската состојба, може да им овозможи пристап на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст,“ рече тој.

Киев изјави дека нивната офанзива, која претставува најголемата странска инвазија на Русија од Втората светска војна, делумно има за цел да ги спречи руските сили во регионот да започнат своја офанзива преку границата во Украина. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан