• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија тврди дека соборила украински авион Ф-16

Русија тврди дека соборила украински авион Ф-16

Москва, 13 април 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната противвоздушна одбрана соборила украински ловец Ф-16 и уништила 207 беспилотни летала, јави ТАСС.

„Системите за противвоздушна одбрана соборија борбен авион Ф-16 на украинските воздухопловни сили, осум наведувани бомби JDAM и седум проектили од американско производство на ракетен систем за повеќекратно лансирање HIMARS, како и 207 беспилотни летала од типот на авиони“, соопшти руското воено министерство.

Дополнително, руските сили, според истата изјава, го зазеле селото Јелизаветовка во украинската Доњецката област. ссм/

фото: архива

Остани поврзан