• петок, 05 декември 2025

Русија тврди дека контролира поголем дел од Купјанск, Украина негира

Русија тврди дека контролира поголем дел од Купјанск, Украина негира

Москва, 23 септември 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили зазеле над 5.600 од вкупно 8.600 објекти во градот Купјанск, Харковска област, тврдејќи дека контролираат поголем дел од градот.

Купјанск, кој се смета за стратешка точка поради својата локација и транспортни врски, беше под руска окупација од февруари до септември 2022 година.

Украинскиот Генералштаб, меѓутоа, изјави дека градот е под украинска контрола и оти таму се водат тешки борби. Украинскиот воен блог „Дипстејт“ ја поддржа оваа верзија.

Украинските сили ноќеска извршиле напади врз два руски нафтени објекти во Брјанска и Самарска област, додека руското Министерство за одбрана тврди дека противвоздушната одбрана уништила украински дронови над овие региони. ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан