Русија протерува двајца новинари на германската телевизија А-Ер-Де
- Претходно беше објавено дека Германија го затвора руското биро за медиуми во Берлин и дека на двајца руски новинари кои работат за него - дописник и снимател - им било наредено да ја напуштат земјата од безбедносни причини. сд
Москва, 27 ноември 2024 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера дописник и снимател од германската телевизија А-Ер-Де (АРД) како одговор на дејствијата на германските власти против рускиот Канал 1, пренесоа британските медиуми.
Претходно беше објавено дека Германија го затвора руското биро за медиуми во Берлин и дека на двајца руски новинари кои работат за него - дописник и снимател - им било наредено да ја напуштат земјата од безбедносни причини. сд/
фото:Википедија