• четврток, 27 јуни 2024

Русија на фронтот во Украина испратила околу 10.000 имигранти

Русија на фронтот во Украина испратила околу 10.000 имигранти

Москва, 27 јуни 2024 (МИА) - Русија испрати 10.000 свои натурализирани граѓани да се борат во нејзината војна во Украина, изјави денеска висок функционер.

„Пронајдовме повеќе од 30.000 (имигранти) кои добија државјанство и не сакаа да се пријават за воена служба, а приближно 10.000 од нив испративме во зоната за специјални воени операции“, изјави шефот на руската истражна комисија Александар Бастрикин во Санкт Петербург. 

Бастрикин студирал со рускиот претседател Владимир Путин и важи за близок соработник на шефот на Кремљ.

Примарната задача на пријавените е да копаат ровови и да градат одбранбени позиции, според Бастрикин.

- За тоа ви требаат навистина силни раце, рече тој. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан