• среда, 30 октомври 2024

Русија и упатила на Летонија предупредување пред тужба поради дискиминација на Русите во оваа земја

Русија и упатила на Летонија предупредување пред тужба поради дискиминација на Русите во оваа земја

Москва, 30 октомври 2024 (МИА) - Русија преку дипломатски канали упати предупредување до Летонија пред да биде тужена поради непочитување на Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација врз руското население од властите во Рига, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа на брифинг нагласи дека русофобијата „дошла до некое ново, квалитативно ново ниво, особено во балтичките земји“.

„Редовно објавуваме детална анализа за манифестацијата на русофобија во тематските извештаи на Министерството за надворешни работи за кршење на правата на руските граѓани и сонародници во странски земји“, рече Захарова.

Таа додаде дека министерството „презема офанзивни акции за повикување на одговорност на земјите кои ги прекршуваат нивните меѓународни обврски во областа на елиминација на сите облици на расна дискриминација“, со понатамошна перспектива да ги поднесе овие тужби до Меѓународниот суд на правдата, со цел да ги повика властите на таа земја да се придржуваат до Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација од 1965 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан