• недела, 26 мај 2024

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море, според извори

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море, според извори

Aнкара, 16 април 2024 (МИА) - Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во јавноста.

Разговорите беа со посредство на Турција, која беше охрабрена од Обединетите нации, изјавија четири извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата.

Договорот беше постигнат во март и имаше за цел – безбедна пловидба на трговски бродови во Црното Море. Иако Украина не сакаше формално да го потпише, Киев се согласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го објави договорот на 30 март - еден ден пред клучните локални избори, велат изворите.

„Во последен момент, Украина одеднаш се повлече и договорот пропадна“, рече еден од изворите, цитиран од Ројтерс, пренесуваат турски медиуми. Три други извори ја поддржаа таа верзија на настаните. Русија, Украина и Турција одбија да коментираат, објави новинската агенција.

Останува нејасно зошто Украина се повлече од договорот. Изворите на Ројтерс рекоа дека не знаат што ја поттикнало одлуката на Киев. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан