• четврток, 21 ноември 2024

Русија и Саудиска Арабија го продолжуваат намалувањето на производството на нафта до март 2024 година

Русија и Саудиска Арабија го продолжуваат намалувањето на производството на нафта до март 2024 година

Москва, 30 ноември 2023 (МИА) – Русија ќе поддржи намалување на производството на нафта на 500.000 барели дневно до крајот на март 2024 година, изјави денеска вицепремиерот задолжен за енергетика Александар Новак, по состанокот на земјите од ОПЕК.

Во изјавата на вицепремиерот се наведува дека „Русија ќе додаде на доброволното намалување на снабдувањето со нафта од 300.000 барели дневно за дополнителни 200.000 барели дневно, зголемувајќи го на 500.000 барели дневно и продолжувањето ќе трае до крајот на првиот квартал од 2024 година во координација со одредени земји од ОПЕК“.

И Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за еден милион барели дневно до „крајот на првиот квартал на 2024 година“, одржувајќи ја својата стратегија насочена кон поддршка на цените на суровата нафта, соопшти денеска Министерството за енергетика во Ријад.

Ријад ја спроведе оваа политика на дополнителни намалувања во јули, покрај доброволното намалување од 500.000 барели дневно објавено уште во април. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан