Русија им забрани влез во земјата на Кишида и други официјални лица од Јапонија
- Руското Министерство за надворешни работи денеска информираше дека воведена е забрана за влез на неколку десетици официјални лица од Јапонија, вклучувајќи го и премиерот Фумио Кишида, откако
Москва, 4 мај 2022 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска информираше дека воведена е забрана за влез на неколку десетици официјални лица од Јапонија, вклучувајќи го и премиерот Фумио Кишида, откако Токио се приклучи кон меѓународните санкции против Москва, поради руската инвазија врз Украина, објавија западни медиуми.
- Администрацијата на Кишида започна невидена антируска кампања и дозволува неприфатлива реторика против Руската Федерација, вклучувајќи клевети и директни закани, се наведува во соопштението на Министерството. бд/гт/