• петок, 22 ноември 2024

Русија започна големи воени вежби на Пацификот

Русија започна големи воени вежби на Пацификот
Москва, 3 јуни 2022 (МИА) - Руската пацифичка флота започна големи поморски вежби, каде учествуваат над 40 воени бродови и 20 авиони, соопшти руското Министерството за одбрана. Предвидено е вежбите да траат до 10 јуни. - Рускиот команден брод „Маршал Крилов“, фрегата „Маршал Шапошников“ и група големи противподморнички бродови и корвети, мали противподморнички бродови, миночистачи, ракетни чамци и помошни бродови, ќе дејствуваат во одредени подрачја на Тихи Океан за време на вежбите, се наведува во соопштението. бд/ми/  

Остани поврзан