• четврток, 30 јануари 2025

Русија забрзано ја повлекува воената опрема од сириското пристаниште Тартус

Русија забрзано ја повлекува воената опрема од сириското пристаниште Тартус

Тартус, 30 јануари 2025 (МИА) - Русија го забрза повлекувањето на својата војска и опрема од сириското пристаниште Тартус, покажуваат најновите сателитски снимки, јавува Би-би-си.

По падот на режимот на Асад во декември, беа снимени колони руски возила како се упатуваат кон пристаништето Тартус, каде се засега се чува воената опрема.

Тартус е клучна база за руската војска, што и овозможува полнење гориво, како и поправка на бродови. Новите снимки покажуваат дека по заминувањето на руските воени бродови голем дел од опремата сега веќе не е таму, додека официјални лица водеа „искрени разговори“ со новата влада во Дамаск.

Имаше гласини дека новата сириска Влада го откажала закупот на пристаништето на Русите, но владините претставници со кои контактираше Би-Би-Си не потврдија дека е донесена конечна одлука.

Кремљ претходно ја изрази својата желба да ја задржи контролата врз базата и рече дека преговара со новите власти за да го задржи своето присуство таму.

Не е јасно каде точно се движат бродовите, но можно е тие да се на пат за Либија, каде Русија веќе има значително воено присуство на територијата контролирана од локалниот воен лидер Калифа Хафтар.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан