• понеделник, 23 декември 2024

Русија го протера украинскиот конзул обвинет за добивање доверливи информации

Русија го протера украинскиот конзул обвинет за добивање доверливи информации
Москва, 17 април 2021 (МИА) - Русија денеска му нареди на украинскиот конзул во Санкт Петербург, Александар Сосоњук, да ја напушти земјата, откако го обвини за добивање доверливи информации од базата на податоци на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го известил застапникот на амбасадата на Украина во Москва Василиј Покотил дека Сосоњук мора да ја напушти земјата до четврток. ФСБ претходно соопшти дека го приведе конзулот на Генералниот конзулат на Украина во Санкт Петербург поради добивање класифицирани информации од базите на агенциите за спроведување на законот и ФСБ, јави ТАСС. „Федералната служба за безбедност на 16 април во Санкт Петербург, за време на состанок со руски државјанин при примање доверливи информации содржани во базите на агенциите за спроведување на законот и ФСБ на Русија, приведе украински дипломат – конзулот во Генералниот конзулат на Украина во Санкт Петербург, Александар Сосоњук. ФСБ истакна дека „оваа активност е некомпатибилна со статусот на дипломатски службеник и е очигледно непријателска кон Руската Федерација“. Тајната служба додаде дека против украинскиот дипломат ќе бидат преземени мерки во согласност со меѓународното право. Според меѓународните стандарди, дипломатите имаат имунитет во земјата во која работат, но може да бидат лишени од правото да останат во случај на кршење на законот или непријателство. Според Виенската конвенција, државата примач може во секое време да ја извести државата испраќач дека шефот на мисијата или друг член на дипломатскиот персонал е персона нон грата и дека неговиот престој во земјата е неприфатлив. паг/  

Остани поврзан