• петок, 20 февруари 2026

Русија го нападна Киев со дронови и ракети, прекин на водата и на електричната енергија

Русија го нападна Киев со дронови и ракети, прекин на водата и на електричната енергија

Киев, 20 јануари 2026 (МИА) - Руските сили почнаа комбиниран напад со дронови и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта прекинувајќи го снабдувањето со вода и електрична енергија, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Напад на источниот брег на реката Днепар го прекина снабдувањето со електрична енергија и вода. Погодена е зграда, а едно лице е повредено - изјави Кличко на „Телеграм“.

Неофицијалните новински канали на „Телеграм“ објавија фотографии од големи станбени згради без светла.

Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на украинскиот главен град, изјави дека е оштетен магацин и дека неколку автомобили се запалени. мс/јт/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан