• петок, 04 октомври 2024

Русија го зголемува производството на дронови на 1,4 милиони

Русија го зголемува производството на дронови на 1,4 милиони

Санкт Петербург, 19 септември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија годинава ќе го зголеми производството на беспилотни летала за речиси десет пати до 1,4 милиони.

„Вкупно околу 140.000 беспилотни летала од различни видови беа испорачани на вооружените сили во 2023 година. Оваа година се планира производството на беспилотни летала значително да се зголеми. Поточно, речиси десет пати“, рече тој на состанокот во Санкт Петербург за развојот на производство на дронови.

Војната во Украина главно се води со артилерија и беспилотни летала долж илјада километри утврден фронт каде што се борат стотици илјади војници.

И Русија и Украина купуваат беспилотни летала во странство, но го зголемија и сопственото производство на дронови за низа цели - од уништување складишта за артилерија и оружје до напад на енергетска инфраструктура и воени бродови. паг/

Фото: ЕПА



 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан