• петок, 22 ноември 2024

Русија бара состанок на СБ на ОН за експлозиите на гасоводот Северен поток

Русија бара состанок на СБ на ОН за експлозиите на гасоводот Северен поток

Москва, 8 јули 2023 (МИА) – Рускиот дипломат во Обединети нации, Дмитриј Пољански изјави дека Москва побарала нов состанок на Советот за безбедност на ОН, на кој ќе се дебатира за експлозиите на гасоводот Северен поток.

Тој додаде дека Русија бара состанокот да се одржи на 11 јули.

Побаравме нов отворен состанок на Советот за безбедност на ОН за експлозиите во Северен поток на 11 јули. Русија на состанокот ќе покани неколку интересни непристрасни говорници, посочи Пољански. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан