• петок, 19 јули 2024

Руни не е во „војна“ со раководството на Дерби

Руни не е во „војна“ со раководството на Дерби
Дерби, 24 април 2020 (МИА) - Поранешниот капитен на англиската репрезентација Вејн Руни не води „војна за плати“ со Дерби Каунти, откако тимот од Чемпионшип дивизијата се обидува да излезе од финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус. Триесет и четири-годишниот поранешен напаѓач на Евертон и Манчестер Јунајтед е во преговори со раководството на „овните“ во име на неговите соиграчи на предлог на клубот за намалување на платата на играчите за 50 проценти. - Наводите дека Вејн е во „војна“ со клубот се и погрешни и залудни“, изјави за Би-Би-Си портпаролот на Руни. Повеќето клубови преговараат со своите играчи за привремено намалување на платите. - Како дел од овие дискусии, совршено е правилно и нормално Вејн да биде во првите редови, тој е еден од најискусните и нема никакво двоумење за тоа што треба да се направи, рече неговиот портпарол. Руни, кој се пресели во Дерби во јануари, е врската помеѓу раководството и тимот на „овните“. Поранешниот репрезентативец на Англија веќе изјави дека притисокот од клубовите врз играчите да ги намалат нивните плати е „срамен потег“.

Тагови

Остани поврзан