Шкендија го заврши учеството во Конференциската лига
- Екипата на Шкендија ги заврши настапите во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Екипата на Шкендија ги заврши настапите во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Откако загубија од Ноах во Ерменија со 2:0, вечерва вицешампионот на Македонија загуби со 1:2 (0:1).
Миљковиќ во 20. минута реализираше со глава за предност на гостите, а Шкендија преку Цаке израмни во 53. минута.
Следеа неколку добри шанси за тетовци за целосен пресврт, но гостите се одбранија, па до крајот не дозволија и поголема драма на теренот.
Во судиското надополнување, Виржил Пинсон ги постави конечните 1:2 за втор триумф на Ноах во овој дуел. дс
Фото: КФ Шкендија