• недела, 22 декември 2024

Руни доби отказ на клупата на Бирмингем

Руни доби отказ на клупата на Бирмингем

Бирмингем, 2 јануари 2024 (МИА) – Поранешниот прославен англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни е сменет од должноста тренер на второлигашот Бирмингем каде се задржа помалку од три месеци, соопшти денеска клубот.

Под негово водство Бирмингем на 15 натпревари претрпе девет порази, а нема победа во последните кола.

Руни седна на клупата на Бирмингем во октомври кога клубот беше шестопласиран во англискиот Чемпионшип, а екипата ја остави на 20 место на табелата, шест бодови над зоната на испаѓање.

„Бирмингем денеска се разделува од тренерот Вејн Руни и првиот помошник Карл Робинсон. И покрај нивните најголеми напори, резултатите не ги исполнија очекувањата кои беа јасни на почетокот. Затоа, Управниот одбор смета дека тренерската смена е во најдобар интерес на фудбалскиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.

Руни есеноска потпиша три и полгодишен договор со Бирмингем, откако дојде во клубот од американскиот прволигаш Ди Си Јунајтед. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан