• петок, 19 јули 2024

Руни ги спореди Фергусон и Гвардиола

Руни ги спореди Фергусон и Гвардиола

Лондон, 9 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, направи споредба меѓу неговиот поранешен тренер Сер Алекс Фергусон и актуелниот предводник на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

- Секако дека ќе има дебата за тоа кој е подобар. Луѓето имаат тенденција да гледаат што направи Сер Алекс во Манчестер јунајтед, но, она што го направи тој во Абердин е неверојатно. Запрашајте се дали Гвардиола може да го стори истото со тим како Абердин? Ќе има прашања и дискусии. Мислам дека Гвардиола е секако најдобар за неговата ера и го промени начинот на кој се игра фудбал низ целиот свет. Но, она што Сер Алекс го постигна во фудбалот е неверојатно за мене, изјави Руни за „ESPN“.

Фергусон беше главен тренер на Абердин од 1978 до 1986 година. Со клубот три пати го освоил првенството на Шкотска, четири пати Купот на Шкотска и по еднаш Лига купот на Шкотска, Купот на победниците на Куповите на УЕФА и Суперкупот на УЕФА.

Гвардиола со Сити освои шест титули во Премиер лигата, четири Лига купови, два ФА купа, два Суперкупа, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан