Румен Радев: 2025 година е исполнета со извонредни достигнувања на нашите млади спортски надежи
- Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Софија, 21 јули 2025 (МИА/БТА) – Тековната година е исполнета со извонредни достигнувања на нашите млади спортски надежи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, откако им додели почесни плакети на тенисерите Иван Иванов и Александар Василев на церемонија во Салата на грбови во „Дондуков“ 2.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
На 13 јули, 16-годишниот Иванов ја освои титулата на Вимблдон за јуниори и стана втор Бугарин во историјата со трофеј на тревата во Лондон, по Григор Димитров во 2008 година. Александар Василев, пак, стана вториот бугарски тенисер кој стигнал до четвртфиналето во сингл кај јуниорите на Вимблдон.
„Уште од почетокот на годината имав можност да ги гледам во живо и да ги одликувам нашите светски шампиони во сноуборд, Тервел и Малена Замфирови. Не задоцнија ниту феноменалните достигнувања на Никола Цолов, Божидар Сарибојуков, Петар Мицин, а само пред неколку дена имав среќа да ги пречекам и светските шампионки во одбојка за жени до 19 години“, рече бугарскиот претседател. „Сосема брзо дојде и другата голема радост и повод за гордост, бидејќи тенисот останува еден од најомилените и најпопуларните спортови со кои се занимаваат милиони млади луѓе низ целиот свет. Затоа, вашето постигнување да ја предводите светската ранг-листа е извонреден успех. Тој е атест не само за вашите неспорни квалитети, волја, талент и посветеност. Го сметам и за израз на силниот и нескршлив бугарски дух и волја за победа“, коментира Румен Радев.
„Убеден сум дека со млади луѓе како вас, Бугарија има иднина и гордо ќе стои на светската сцена“, им рече шефот на државата на двајцата тенисери. „Историјата покажува дека секој млад човек кој достигнал таква фаза на еден од најстарите и најпрестижните светски турнири во тенис, наскоро станува и ѕвезда кај мажите. Верувам дека светските ѕвезди во машкиот тенис веќе со интерес ги гледаат вашите достигнувања и ве очекуваат со почит“, изјави бугарскиот претседател.
_______________________________________________________________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.