• недела, 28 април 2024

Руиз потпиша петгодишен договор со ПСЖ

Руиз потпиша петгодишен договор со ПСЖ
Париз, 31 август 2022 (МИА) - Шпанскиот фудбалски репрезентативец Фабиан Руиз ги напушти редовите на Наполи и потпиша петгодишен договор со францускиот шампион ПСЖ. Според шпанските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 21,5 милиони евра. Руиз за четири сезони во дресот на италијанскиот прволигаш од Неапол одигра 166 натпревари и постигна 22 голови. Шпанскиот 26-годишен фудбалер е петто засилување на ПСЖ во летниот преоден рок по Витиња, Ренато Санчез, Уго Етитике и Норди Мукиеле. ег/ми/

Остани поврзан