• петок, 22 ноември 2024

Руд ја одбрани титулата во Гштад

Руд ја одбрани титулата во Гштад
Гштад, 24 јули 2022 (МИА) - Норвежанецот Каспер Руд ја одбрани титулата на АТП тенискиот турнир во австрискиот град Гштад, совладувајќи го денеска во финалето Матео Беретини од Италија со 4-6, 7-6, 6-2. Првиот носител до третата победа во петтиот меѓусебен дуел дојде по два часа и 36 минути игра. За Руд ова беше 13. финале во кариерата и деветта титула, додека Беретини во своето 11. финале го претрпе четвртиот пораз. ег/ми/

Остани поврзан