• петок, 17 мај 2024

Руд противник на Надал во финалето на Ролан Гарос

Руд противник на Надал во финалето на Ролан Гарос
Париз, 4 јуни 2022 (МИА) – Норвежанецот Каспер Руд се пласира во финалето на Отвореното тениско првенство на Франција, откако синоќа во полуфиналето го побди Хрватот Марин Чилиќ со 3:1, по сетови 3:6, 6:4, 6:2 и 6:2. Мечот траеше безмалку три часа. Руд кој е осми на АТП ранг-листата стигна до првото Грен слем финале во својата професионална кариера. Дваесет и тригодишниот тенисер, петходно најзначајното достигнување го имаше со пласманот во 4. коло на Австралија опен во 2021 година. Во финалето на Ролан Гарос, Руд утре ќе се сретне со Шпанецот Рафаел Надал. Денес (15 часот) на престижниот турнир во Париз ќе се игра женското финале во кое ќе се соочат Ига Швјонтек од Полска и Коко Гауф од САД. зс/

Остани поврзан