• недела, 30 јуни 2024

Рудигер: Сите се боревме еден за друг и направивме сè како тим

Рудигер: Сите се боревме еден за друг и направивме сè како тим

Дортмунд, 30 јуни 2024 (МИА) - Дефанзивецот Антонио Рудигер ја прокоментира победата на Германија со 2:0 над Данска во осминафиналето на Евро 2024 година.

Дефанзивецот на Реал Мадрид поради неколкуте одлични интервенции во своето поле, беше прогласен за Играч на натпреварот

-Сите знаат дека сум многу емотивен кога сум на теренот. Во еден момент на крајот одлучно интервенирав и мислам дека сопрев одреден гол. Затоа бев многу среќен. Во овие натпревари, ако не победиш - отпаѓаш. Сакавме да победиме, да ги направиме нашите навивачи среќни: Сите се боревме еден за друг и направивме сè како тим, изјави германскиот дефанзивец по мечот.

Прецизни за домаќините на турнирот беа Каи Хаверц во 53. минута и Џамал ​​Мусиала во 68. минута. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан