• четврток, 26 март 2026

Рубио со честитки за изборот на првиот американски  папа во историјата на Римокатоличката црква

Рубио со честитки за изборот на првиот американски  папа во историјата на Римокатоличката црква

Вашингтон, 9 мај 2025 (МИА) – Државниот секретар на САД, Марко Рубио, синоќа упати честитка до новоизбраниот папа Лав XIV, кој е првиот избран поглавар на Римокатоличката црква папа од САД.

Изборт на Лав XIV тој го нарече  „момент со длабоко значење“ за повеќе од една милијарда верници ширум светот.

-Упатувам искрени честитки до неговата Светост, папата Лав XIV, по повод неговиот избор за 267. наследник на свети Петар. Овој момент има голема важност за Католичката црква и нуди надеж и континуитет за време на Јубилејната 2025 година, се вели во изјавата на Рубио.

Тој додаде дека со неговата сопруга Џанет се обединети во молитва за новиот папа: -Нека Светиот Дух му подари мудрост, сила и благодат додека ја води Црквата.

Рубио исто така нагласи дека САД очекуваат да ги продлабочат односите со Ватикан, поздравувајќи го изборот на првиот американски папа во историјата на Римокатоличката црква. кб/

Остани поврзан