• четврток, 26 март 2026

Рубио: Самитот на Путин и Трамп беше „многу добар и продуктивен“

Рубио: Самитот на Путин и Трамп беше „многу добар и продуктивен“

Вашингтон, 17 август 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржан на 15 август на Алјаска, бил „многу добар и продуктивен“.

На прашање на руски новинари, тој кратко одговори: „Многу добро. Беше многу продуктивно“.

Путин и Трамп се сретнаа во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Разговорите траеја нешто помалку од три часа и се сметаат за еден од клучните настани во новата фаза на руско-американските односи. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан