• четврток, 26 март 2026

Рубио: САД се непоколеблива поддршка на израелските цели во Појасот Газа

Рубио: САД се непоколеблива поддршка на израелските цели во Појасот Газа

Ерусалим, 15 септември 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ерусалим вети „непоколеблива поддршка“ од Вашингтон за Израел во постигнувањето на неговите цели во Појасот Газа.

- Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа иднина може да почне кога ќе биде елиминиран Хамас, истакна Рубио на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Рубио наведе дека Хамас е охрабрен од чекорите на Франција, Велика Британија и на други држави за признавање на палестинската држава. Според него признавањето на палестинска држава „главно се симболични“ потези.

Посетата на Рубио на Израел уследи откако израелската армија се обиде да ги елиминира лидерите на Хамас кои живеат во главниот град на Катар, Доха. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан