Рубио и Лавров разговарале за натамошните чекори на приближување по средбите во Саудиска Арабија
- Тие се согласија да продолжат да работат на обновување на комуникацијата меѓу САД и Русија.

Вашингтон, 16 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за натамошните активности по неодамнешните состаноци во Саудиска Арабија, објави Стејт департментот.
Тие се согласија да продолжат да работат на обновување на комуникацијата меѓу САД и Русија.
Според соопштението, Рубио ја информирал Русија за воените операции на САД за одвраќање против Хутите поддржани од Иран.
„Рубио нагласи дека нема да се толерира продолжување на нападите на Хутите врз американските воени и трговски бродови во Црвеното Море“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.сд/
фото:МИА архива