Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
- Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар.
Вашингтон, 26 октомври 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар.
„На многу од земјите што изразија интерес за учество на некое ниво - без разлика дали е финансиски, човечки ресурси или и двете - ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор), рече Рубио во својот авион на пат од Израел до Катар.
„Имаме цел тим што работи на ова“, додаде тој. зш/