• недела, 09 март 2025

РСБСП: Понежниот пол е одговорен учесник во сообраќајот

РСБСП: Понежниот пол е одговорен учесник во сообраќајот

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената - 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.

- Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата. Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и тие се подеднаково изложени на бројни ризици како и останатите учесници во сообраќајот. За среќа, тие умеат да се заштитат без разлика дали се возачи, патници или на било кој начин учествуваат во сообраќајот, се вели во соопштението.

Од РСБСП посочуваат дека статистиката кажува дека жените се повнимателни и поодговорни учесници во сообраќајот.

- Ајде на дело да го покажеме и надградиме тоа. И денес и секој следен ден! Во таа насока како дел од кампањата на РСБСП оваа година се вклучија и бројни јавни личности од понежниот пол, со цел заеднички да ја пренесеме пораката за безбедното учество во сообраќајот на патиштата! Среќен 8 Март!, стои во соопштението од РСБСП. мд/дма/

Фото: РСБСП

 

 

Остани поврзан