• понеделник, 23 декември 2024

Рот: Новата методологија е потврда на европската перспектива на Западен Балкан

Рот: Новата методологија е потврда на европската перспектива на Западен Балкан
Берлин, 5 февруари 2020 (МИА) - Новата методологија за проширување на ЕУ е јасна приврзаност кон европската перспектива за Западен Балкан, оцени државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот. Рот во пишана изјава истакна дека Европската комисија со својот предлог за подобрување на пристапниот процес, успеа да изготви избалансиран документ. - Предлогот ги зема предвид важните барања на ЕУ, но и на земјите кандидати. Сега, во кругот на ЕУ, дури и пред Самитот за Западен Балкан во Загреб, треба конечно да се постигне договор за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, рече тој. Рот истакна дека двете земји направиле многу на патот кон ЕУ и оти е неопходно сега да добијат „зелено светло“. - Двете држави тоа го постигнаа со напорна работа. Дискусијата за подобрување на пристапниот процес не треба дополнително да го одложува почетокот на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, подвлече тој. Рот им порача на двете земји дека треба да ја продолжат реформска агенда во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, регионалното помирување и заштитата на малцинствата. јт/

Остани поврзан