• недела, 19 мај 2024

Рот: ЕУ да го исполни ветувањето за Западен Балкан

Рот: ЕУ да го исполни ветувањето за Западен Балкан

Берлин, 20 април 2021 (МИА) - Германскиот државен секретар за Европа, Мајкл Рот денеска изјави дека ЕУ е посветена на јасна и одговорна европска перспектива за Западен Балкан и ја повика ЕУ да ги исполни своите ветувања кон регионот.

Пред состанокот на министрите за општи работи на ЕУ, тој потсети на стагнацијата во договорениот напредок за европската интеграција на Скопје и Тирана, нагласувајќи дека е во интерес на сите разговорите за пристап да почнат „што е можно побрзо“.

 Рот се осврна и на најавената испорака на 651.000 вакцини на Западен Балкан, оценувајќи дека ова е уште еден јасен сигнал за солидарност на ЕУ со партнерите во регионот.

 Како што наведе, вакцините ќе бидат доставени до земјите од Западен Балкан во зависност од бројот на жители. паг/

Остани поврзан