• петок, 05 декември 2025

Роналдо останува во Ал-Наср

Роналдо останува во Ал-Наср

Ријад, 31 мај 2025 (МИА) - Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина се една од главните теми на претстојниот преоден рок. Според „Фут Меркато“, познато е каде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња ќе ја продолжи својата кариера.

Роналдо, според нивниот избор, сепак потпиша нов договор со саудиски Ал-Наср. Со ова се стави крај на шпекулациите дека Роналдо ќе го напушти клубот.

Беа споменати неколку опции - од големи европски клубови за кои би играл на претстојното Светско клупско првенство, па сè до пензионирање. Сегашниот договор на Роналдо со Ал-Наср истекува на 30 јуни и тој би можел да се пресели во кој било клуб без обештетување.

Португалскиот ас, кој пристигна во Ал-Наср на 1 јануари 2023 година со најголемиот договор во историјата на спортот вреден 200 милиони евра годишно, одигра вкупно 111 натпревари за клубот и постигна импресивни 99 гола во сите натпреварувања.

Сепак, тој освои само еден трофеј и тоа не толку важен - Купот на шампиони на арапските клубови. Во финалето, тие го победија својот најголем ривал Ал-Хилал со резултат од 2:1. дс

Фото: Архива

Остани поврзан