• вторник, 25 март 2025

Роналдо одговори за прославата на Расмус Хојлунд на дуелот од Лигата на нациите

Роналдо одговори за прославата на Расмус Хојлунд на дуелот од Лигата на нациите

Лисабон, 23 март 2025 (МИА) - Кристијано Роналдо ја коментираше ситуацијата со Расмус Хојлунд на натпреварот од Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, кој „црвениот динамит“ го доби со 1:0.

Победничкиот гол на натпреварот го постигна Хојлунд, кој го прослави со потегот наречен „сиу“, препознатлив само за Роналдо. Многумина постапката на данскиот напаѓач ја протолкуваа како исмејување на легендарниот Португалец, но тој самиот не мисли така.

-Тоа не е проблем за мене. Знам дека не е непочитување кон мене. Тој не е единствениот во светот кој го копира моето прославување на гол. Доволно сум паметен за да го знам тоа. Тоа е чест за мене. Се надевам дека ќе го направам тоа пред него во недела. Мило ми е што му се допаѓа мојата прослава на голот, изјави Роналдо пред реваншот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан