• среда, 15 мај 2024

Роналдо може да го пропушти натпреварот со Интер Мајами поради повреда

Роналдо може да го пропушти натпреварот со Интер Мајами поради повреда

Ријад, 21 јануари 2024 (МИА) - Кристијано Роналдо може да не игра против Интер Мајами на Меси поради повреда.

Како што објави „Arabic Sports“, учеството на 38-годишниот напаѓач на пријателскиот натпревар против американскиот клуб за кој настапува Лионел Меси е доведено во прашање поради повреда.

Ал Наср не објави детали за повредата на Роналдо. Според „Arabic Sports“ Португалецот има повреда на мускулот на потколеницата за чие лекување ќе бидат потребни најмалку неколку недели.

Забележано е дека поради повреда, Кристијано може да ја пропушти и турнејата на Ал-Наср низ Кина, за време на која неговиот тим ќе игра со Шангај Шенхуа и Хангжу Гринтаун (28 јануари). 

Натпреварот со Интер Мајами ќе се одигра на 1 февруари. Интер Мајами очекува Меси да настапи на претстојниот натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан