• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рома подготвува нов договор за Раниери

Рома подготвува нов договор за Раниери

Рим, 3 март 2025 (МИА) - Доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома го прероди тимот од италијанската престолнина.

Од доаѓањето на искусниот 73-годишен стручњак, „римската волчица“ освои 30 бода и сериозно се доближи до лидерската позиција во Европа во Серија „А“.

Рома е и во осминафиналето на Лига Европа и не е изненадување што навивачите се воодушевени од настапите на тимот под водство на Раниери.

Договорот со челниците на клубот беше Клаудио да биде на клупата само до крајот на оваа сезона.

Сепак, Рома веќе се подготвува да му понуди договор за сезоната 2025/26. Сега се очекува одлуката на Раниери. дс

Фото: Архива

Остани поврзан