• недела, 22 декември 2024

Рома најверојатно продолжува со Алегри

Рома најверојатно продолжува со Алегри
Рим, 26 јануари 2021 (МИА) - Италијанскиот фудбалски стратег Масимилијано Алегри би можел да го наследи Пауло Фонсека на клупата на калчолигашот Рома, објавија денеска италијанските медиуми. Според римскиот весник „Кориере ди Рома“, 53-годишниот поранешен тренер на Јувентус и Милан е главен фаворит да седне на клупата на Рома. Најавите за можна тренерска смена доаѓаат по раздорот во редовите на прволигашот од Рим што доведоа босанскиот напаѓач Един Џеко одвоено да тренира од остатокот на тимот. Алегри се поврзуваше за наследник на Френк Лампард во Челзи,кој вечерва за свој нов тренер го постави Германецот Томас Тухел. ег/ми/

Остани поврзан