• четврток, 27 јуни 2024

Рома може да го изнајми Санчез од Манчестер јунајтед

Рома може да го изнајми Санчез од Манчестер јунајтед
Рим, 2 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, кој е на позајмица во Интер, може да остане во Италија. Италијанските медиуми објавија информација дека играчот од средниот ред би можел да замине во Рома, која веќе беше заинтересирана за Чилеанецот минатото лето. Забележано е дека Римјаните можат да се обидат да го изнајмат 31-годишен фудбалер, искористувајќи ги добрите односи со Манчестер јунајтед. Оваа сезона Санчез настапи на девет натпревари во Серија А за Интер и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан