• понеделник, 23 декември 2024

Романскиот Врховен совет за одбрана одобри испраќање на одбранбен систем „Патриот“ во Украина

Романскиот Врховен совет за одбрана одобри испраќање на одбранбен систем „Патриот“ во Украина

Букурешт, 20 јуни 2024 (МИА) - Романскиот Врховен совет за одбрана денеска одобри испраќање на одбранбен систем „Патриот“ во Украина, но под услов да продолжат преговорите со сојузниците во НАТО, особено со САД, за испорака на „сличен или еквивалентен систем“ на Романија, пренесува романскиот портал digi24.ro.

„Со оглед на значителното влошување на безбедносната ситуација во Украина како резултат на постојаните и масовни напади на Русија врз цивилното население и цивилната инфраструктура, особено енергијата, како и регионалните последици од оваа ситуација, вклучително и за безбедноста на Романија, во тесна координација со членките на Алијансата, членовите на Советот се одлучуваат да го донираат системот „Патриот“ на Украина“, се вели во соопштението на романскиот совет за одбрана.

Членовите на Советот за одбрана денеска одлучија да донираат еден систем „Патриот“ на Украина.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ракетите пресретнувачи и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, пишува денеска „Фајненшл тајмс“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан