• недела, 22 декември 2024

Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 14 октомври

Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 14 октомври
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија го продолжи рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2021 година до 14 октомври 2022 година. Признанието, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2021 година, во следните осум категории: 1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки; 2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; 3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; 4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки; 5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); 7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост); 8. Најдобар/а млад/а уметник/чка. Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта. Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на претседателот на Република Северна Македонија на: македонски јазик: https://bit.ly/3UFwUqd албански јазик: https://bit.ly/3RhfZYd англиски јазик: https://bit.ly/3LLa38u Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски. рп/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан