• понеделник, 18 ноември 2024

Розберг: На Ред Бул ќе му биде тешко да победи на сите трки, во моментов тие имаат само еден пилот способен за тоа

Розберг: На Ред Бул ќе му биде тешко да победи на сите трки, во моментов тие имаат само еден пилот способен за тоа

Лондон, 17 јули 2023 (МИА) - Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг ги процени шансите на Ред Бул за победа на секоја трка оваа сезона.

 

Во исто време, и покрај доминацијата на Ред Бул, Розберг смета дека сезоната е многу интересна - благодарение на борбата на неколку екипи одеднаш за второто место.

 

- Изгледа дека Ред Бул навистина може да го направи тоа. Меѓутоа, проблемот е што во моментов имаат само еден возач кој може да го направи тоа. Перез речиси постојано заостанува поради разни проблеми и тешкотии. Затоа, ќе биде тешко за Ред Бул да го направи ова. Ако зборуваме за ситуацијата во целина, тогаш некои може да ви кажат дека толку силно доминантен тим не е одличен за Формула 1, бидејќи секогаш победува истата личност. Меѓутоа, во некои случаи не е така. На пример, по последната трка, сега имаме два Мекларен подготвени да се борат за подиумот. Ова е особеноста на оваа сезона. Никогаш однапред не се знае кој тим или возач ќе биде втор, изјави Розберг.

 

Во досегашниот дел од сезоната на десетте трките во Формула 1 доминираше тимот на Ред Бул. Макс Верстапен победи осум пати, два пати на врвот беше неговиот клупски колега Серхио Перез. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан