Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште
- Родителите на учениците во основни училишта во Нови Сад утрово спроведоа акција за поддршка на наставниците во прекинот на наставата

Белград, 18 февруари 2025 (МИА) – Родителите на учениците во основни училишта во Нови Сад утрово спроведоа акција за поддршка на наставниците во прекинот на наставата.
На оградите и на влезовите на училиштата оставија пораки „Нема правда – нема училиште“, „Без ’рбет – нема училиште“, „Без безбедност – нема училиште“, „Без совест – нема училиште“, „Без емпатија – нема училиште“.
Една од пораките е „Нема Предраг – нема училиште“, а се однесува на наставник во ОУ „Милош Црњански“ кому не му бил продолжен договорот поради поддршка на студентите.
Акцијата е координирана од Форумот на родители на основните училишта во Нови Сад, кои ги поддржуваат наставниците во прекинот на наставата. ми/
фото: Икс