• вторник, 05 ноември 2024

РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце

РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година - 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

-За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140  проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според РКЕ, со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.лв/

фото:РКЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан