• среда, 04 декември 2024

Ристовски: Се грижиме за младите спортисти, продолжуваме со финансиската поддршка за нив

Ристовски: Се грижиме за младите спортисти, продолжуваме со финансиската поддршка за нив

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) – Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес присуствуваше на церемонијата на доделување на стипендиите „Спортска надеж“.

Петстотини талентирани млади спортисти од колективните и индивидуалните спортови ќе добиваат стипендија во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година.

- Оваа финансиска помош сигурно ќе значи околу подобрување на барем еден дел од условите потребни за нивниот спортски развој. Ова е мал гест од министерството и Владата на Република Македонија. Со оваа манифестација даваме важност и на децата кои се корисници на стипендијата и на нивните родители кои се нивна поддршка. Ќе се потрудиме во иднина помошта да ја зголемиме. Со овој чекор покажуваме дека се грижиме за младите, за спортот во Македонија, за промовирање на вистински вредности.   

Предлогот за стипендистите – млади надежни спортисти, доаѓа од матичните федерации.

- Сакаме нашиот однос со федерациите да се заснова на доверба. Нивниот предлог ние го разгледуваме и прифаќаме. Сакаме нулта можност за корупција, потенцира Ристовски.

Стипендијата има важност една година. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан