Ристовски: Продлабочување на спортската соработка со Чешка
- Идеи за организирање заеднички спортски настани и проекти, кои ќе придонесат за промоција на спортот и спортските вредности, разменија на денешната средба македонскиот министер за спорт Борко Ристовски и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва.

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) – Идеи за организирање заеднички спортски настани и проекти, кои ќе придонесат за промоција на спортот и спортските вредности, разменија на денешната средба македонскиот министер за спорт Борко Ристовски и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва.
Ристовски и Лудва разговарале за „важноста на спортот како мост за поврзување меѓу народите и можностите за продлабочување на соработката во оваа област“.
„Остануваме посветени на развојот на спортот и зајакнувањето на врските со сите пријателски земји“, посочи министерот Ристовски по средбата со чешкиот амбасадорот Лудва. ег
ФОТО: Борко Ристовски/Фејсбук